Банките појаки од фирмите

Bez autora
Oct 01 2010

Три македонски банки, Стопанска, Комерцијална и Тутунска, се на листата со топ-100 најголеми банки по актива во југоисточна Европа, а само „Окта“ е меѓу првите сто компании според остварен приход. Рангирањето го направија консултантот „А. Т. Керни“ и агенцијата „Еуромонитор интернационал“. Според економските аналитичари, неконкурентноста и малиот пазар се причините зошто македонските фирми ниско котираат во регионалните рамки, а високите камати се заслужни за тоа што нашите банки се искачија високо на листата од вкупно 238 банки во регионов. На македонскиот пазар леб има само за банките, а стопанството е на опашот на стопанската активност. Вака ги коментираат експертите податоците од последната анкета за постигнатите резултати на стопанството во југоисточна Европа во минатата година. Тоа го објаснува фактот што според остварениот приход во 2009 година на листата со 100 најуспешни се најде само нафтената компанија „Окта“ со вкупен приход од 402 милиона евра, со кој е речиси на дното, на 81 место.

Банките појаки од фирмитеТри македонски банки, Стопанска, Комерцијална и Тутунска, се на листата со топ-100 најголеми банки по актива во југоисточна Европа, а само „Окта“ е меѓу првите сто компании според остварен приход.

Рангирањето го направија консултантот „А. Т. Керни“ и агенцијата „Еуромонитор интернационал“.

Според економските аналитичари, неконкурентноста и малиот пазар се причините зошто македонските фирми ниско котираат во регионалните рамки, а високите камати се заслужни за тоа што нашите банки се искачија високо на листата од вкупно 238 банки во регионов.

На македонскиот пазар леб има само за банките, а стопанството е на опашот на стопанската активност. Вака ги коментираат експертите податоците од последната анкета за постигнатите резултати на стопанството во југоисточна Европа во минатата година. Тоа го објаснува фактот што според остварениот приход во 2009 година на листата со 100 најуспешни се најде само нафтената компанија „Окта“ со вкупен приход од 402 милиона евра, со кој е речиси на дното, на 81 место. Кога вкупниот приход на „Окта“ би им се поделил на жителите на Македонија, секој граѓанин би добил по 194 евра.

Според оваа пресметка, „Окта“ е на 22. место од 100 најуспешни во регионот. На оваа листа има повеќе македонски фирми, како „Макпетрол“, „Т-мобиле“ и ЕЛЕМ. Лани секој граѓанин во земјава од „Макпетрол“ би добил по 138 евра, од ЕЛЕМ - 128 евра и од „Т-мобиле“ - по 85 евра.

Лидери во регионални рамки се компаниите од Романија и од Словенија. Најуспешни компании се „ОМВ Петром“ од Романија со приход од 3,3 милијарди евра и хрватската „Ина“. Нафтените и енергетските компании се најпрофитабилните компании во југоисточна Европа.

- Македонските компании се слабо рангирани во регионални рамки затоа што нашиот пазар е мал, а тие се неконкурентни за да се пробијат на странските пазари. Решението за нивен развој е извозот, а тие слабо се пробиваат на глобалниот пазар. Поради неконкурентноста се приклештени на домашниот пазар, па затоа остваруваат толку слаби резултати. Но листата со најуспешни ја креираат компаниите што според природата на бизнисот имаа природен монопол, нафтените и енергетските компании. Затоа нашите резултати се дополнително послаби - вели економскиот аналитичар Мирољуб Шукарев.

Дека со регионалниот пазар владеат енергетските и нафтените компании, потврдува и сумирањето на „Еуромонитор“, според кое на листата со топ-100 компании во југоисточна Европа има 24 нафтени фирми, 22 од секторот на електрична енергија, 16 трговски и 15 телекомуникациски претпријатија. Според „Еуромонитор“ вкупниот приход на 100-те најуспешни во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Романија, Бугарија, Албанија и Македонија лани поради кризата падна за 14 отсто во споредба со 2008 година и изнесуваше 87 милијарди евра.

Неуспехот на производствениот сектор во земјава го амортизираат банките. Со актива од вкупно една милијарда евра во 2009 година Стопанска банка е на 56. место на оваа топ-листа. Комерцијална е на 61. место со 992 милиона евра, Тутунска на 68. место, со актива од 899 милиони евра. На листата на која анкетарите го оценуваат успехот на банките според тоа колку на секој граѓанин на државата би му припаднал од вкупната актива на банките, има дури шест македонски банки. Така, кога банкарите би ја поделиле вкупната ланска актива, секој жител на Македонија би добил по 519 евра од Стопанска, по 480 евра од Комерцијална, 434 евра од НЛБ Тутунска, 113 евра од Охридска, 95 евра од Прокредит и по 83 евра од Шпаркасе банка.

- Доброто рангирање во оваа топ-листа нашите банки им го должат на високите камати. Навистина не може да се најди друго објаснување. Финансискиот пазар кај нас го прават фирми што немаат капацитет да остварат поголеми приходи и да се пробијат дури и на регионалните пазари и граѓани што според последните статистички се се' посиромашни - вели Шенај Хаџимустафа од Универзитетот на Југоисточна Европа.

Најуспешни регионални банки се словенечка НЛБ, со вкупна актива од 15,5 милијарди евра во 2009 година, романска Комерцијала Романа со 15,3 милијарди евра и хрватска Загрепска банка со вкупна актива од 12,7 милијарди евра. Според оваа листа ,први на регионалниот банкарски пазар се банките од Романија, од кои во најуспешните 100 има 21, Словенија, со 18, и Србија, со 17 банки.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik